Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Павел Наумов

Роден е во с.Ораовец, Велешко, во 1883 година. Брат е на војводата И.Н.Алјабакот. Повеќе години од својата младост и ги посветил на борбата на македонскиот народ за неговото национално ослободување. За време на Илинденското востание учествувал во Крушевско. По востанието се повлекува во Бугарија.

Во 1904 година со четата на неговиот брат И.Н.Алјабакот, пристигнува во Велешко. Настанува конфликт со војводата од тој реон Стефан Димитров, кој бара Алјабакот да го напушти неговиот реон. По долги спорови, кон крајот на 1904 година, со окружно конгресно решение Алјабакот го напушта Велешко.

Пролетта 1905 година, поврорно со четата на брат му влегуваат во Македонија, во Велешко. На 4 август 1905 година, четите на И.Н.Алјабакот, Ѓ.Евстатиј, А.Локвички и П.Константинов, против српските пропагандни чети на Г.Соколов и Т.Крапјанин, кај с.Крапа водат жестока борба. П.Наумов е тешко ранет и по закрепнувањето испратен на лекување во Бугарија.

Во август 1906 влегува пак во Македонија со Леринската чета на К.Љондев, а од април до август 1907 година во костурската чета на Б.Василев.

Во август 1907 година е делегат на конгресот на Битолскиот револуционерен округ, на кој е назначен за Кичевски реонски војвода.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik